Добивај вести на Viber
Јавното претпријатие за државни патишта објави фотографија од денешното примопредавање на директорската функција.
Коце Трајановски седна на местото на Ејуп Рустеми, кој денеска го пречека поранешниот скопски градоначалник.
„Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта беше направено примопредавање на функцијата при што Рустеми го запозна директорот Трајановски со состојбите и функционирањето на претпријатието“, објави „Државни патишта“.
Вчера медиумите објавија дека Управниот одбор на јавното претпријатие по препорака на Владата го изгласа поранешниот градоначалник за нов директор.