06 Јули, 2024
0.0297

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Oд ЈСП Скопје велат дека сакаат јавно да демантираат дека Градот Скопје има било каков долг со приватни превозници. 

Приватните превозници како што велат имаат обврски кон Град Скопје во согласност со потпишаниот договор, и нема никакви должничко доверителски односи, за што поради клеветите и континуирано креирање паника и вознемирување на граѓаните од страна на поединечни политички инструирани превозници ЈСП поднесе соодветна тужба. 

„Воедно должни сме да потенцираме дека долг од 140 милиони денари во ЈСП кон приватните превозници нема. Моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони и редовно се исплаќаат авансни средства, а тоа не е сериозен проблем од причина што големи суми се побаруваат во континуитет поради големите трошоци за нафта, односно секој месев одприлика околу 35 милиони месечно се фактурираат од превозниците во континуитет. Фактури за превозот кои дел од превозниците ги имаат доставено на 28.06.2024 година, по преглед од страна на службите во ЈСП е утврдено дека се неверодостојни исправи. Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, а доколку прекинат да ја испорачуваат услугата кон граѓаните ЈСП ќе биде приморано да покрене соодветни тужби за надомест на материјална штета за непочитување на договорните обврски од страна на приватните превозници. Трета година по ред се работи на усогласување на приватните превозници со стандардите и пред секој истек на договор во обид да се избегне исполнување на еко стандардите, се јавуваат истите притисоци со цел да продолжат да сообраќаат со старите автобуси“, велат од ЈСП. 

Претходно, приватните превозници се пожалија дека се во лоша состојба и дека превозот ќе го редуцираат. 

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ ЌЕ ГО СНИМААТ ВОЗИЛОТО, А НЕ ТОЈ ШТО ВОЗИ: Затоа внимавајте кому му го давате вашиот автомобил

КАМЕРИТЕ ЌЕ ГО СНИМААТ ВОЗИЛОТО, А НЕ ТОЈ ШТО ВОЗИ: Затоа внимавајте кому му го давате вашиот автомобил

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете