ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2024
ЗАСТАРЕ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ГРУЕВСКИ ЗА „МЕРЦЕДЕСОТ“
На поранешниот премиер Никола Груевски на 4 октомври годинава му застарува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“. Груевски на 4 октомври 2018 година беше правосилно осуден, така што на 4 октомври годинава поминуваат шест години, што е законски предвидениот рок за застарување на одлежувањето на казната.
Според Кривичниот законик, како што објави Призма, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ Е ВО ЛОША СОСТОЈБА
Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Како што објави Радио Слободна Европа, со речиси откажан бубрег Видевски е префрлен на Клиниката за нефрологија.
Неговиот адвокат Бојан Манев во изјава за РСЕ вели дека Видески во неконтактибилна состојба вчера утрото бил транспортиран од притвор на Клиниката.ТОШКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРАТ АКО ИМА ОБИДИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА
Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.ОШТЕТЕНА ИКОНА ВО ДРАЧЕВО И ОСТАВЕН КУРАН
Непознати сторители викендов ја оштетиле иконата на Исус Христос, поставена на крстот кој се наоѓа во големиот парк во населбата Драчево, а до иконата оставиле примерок на Куранот. Верниците се револтирани и бараат најостра казна за вандалите.
Големиот крст во населбата Драчево е осветен пролетва, на верскиот празник Цветници.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.