26 Ноември, 2024
0.0280

Фактор од Републиката - Од град со рекордна невработеност до затворени граници и економска депресија

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Гевгелија некогаш беше град со најниска стапка на невработеност на ниво на Републиката. Македонскиот Лас Вегас беше примамлив за грчките туристи кои носеа значаен девизен прилив. Гевгелија како најблискиот град до грчката граница на преминот Богородица сосема природно ја развиваше економијата во симбиоза со казината, услужните дејности, стоматологијата и трговијата.

Фрапантни се бројките на нови невработени кои се регистрирани преку Агенцијата за вработување. Од почетокот на кризата за шест месеци работните места ги изгубиле речиси осумстотини луѓе. Тоа за еден мал пограничен град е премногу.

"Ако оваа криза трае до крајот на годината ќе биде многу тешко и не верувам дека ќе опстоиме. Без помош од државата, и без отворање на границата за враќање на грчките посетители речиси сигурно е дека ќе пропаднеме. Тоа е врзан круг, како за вработените во казината од кои дел имаат навистина високи приходи, така и за стоматолошките ординации кои може да останат без пациентите од Грција. Цел град индиректно зависи од овие приходи. Мислам дека на Гевгелија црно и се пишува", вели Тиле Стоилов сопственик на бутик од Гевгелија.

Градот на Југот, познат по топлината, забавите, по угостителството и ноќниот живот, е претворен во град на неизвесност, на празни улици и депресија.

Граничниот премин Богородица е речиси непрепознатлив. Ако некогаш тука имаше километарска колона на возила за влез и излез сега е тотално пусто. Преминот е затворен од грчка страна. Дозволен е влез само од македонска страна и за транзит на државјани на ЕУ со валиден PCR тест. Нема промет на патници, туристи и посетители.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо вели дека отвореноста на границата мора да се реши. Во разговори со централната власт планирано е да се отвори лабораторија за брзи PCR тестови со кои на пример грчките туристи ќе може брзо да се тестираат за да може да се вратат преку Евзони.

"На почетокот на пандемијата формиравме кризен штаб и постојано бевме во координација со републичкиот кризен штаб за спроведување на сите неопходни мерки во тоа време како полицискиот час. Формиравме тимови на доброволци кои доставуваа пакети со неопходни производи до старите лица и тие кои имаат потреба. Гевгелија едно време беше на зелената мапа без случаи на КОВИД-19, но денес веќе секојдневно имаме по неколку позитивни на корона вирусот и градот полека живее со оваа нова нормалност. Како општина преземавме повеќе мерки за олеснување на условите за водење бизнис и намалување на комуналните давачки, но клучната помош мора да дојде од централната власт со четвртиот пакет на мерки, за што разговаравме со вицепремиерот Битиќи и министерот Филипче неодмна заедно со бизнис заедницата од Гевгелија", вели градоначалникот Поцков.

Гевгелија можеби ја избегна здравствената криза од малиот број на заразени, но економските последици може да бидат уште пострашни, особено за младите кои ги губат економските перспективи во градот.

Овие содржини се поддржани од Google News Initiative Journalism Emergency Relief Fund

Христијан Станоевиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје