Фактор открива: Кој е продавачот на акциите во Македонска берза и колку за нив ќе плати Загребската берза
Објавено во: Економија 18 Март, 2021
Кој ќе ги продаде акциите што ги поседува во Македонска берза на Загребската берза? Два дена откако од Загреб информираа дека ќе го зголемат својот удел во Македонска берза со купување на 276 акции односно Загребската берза ќе докупи уште 9,89 отсто, од берзата во Скопје не соопштија никакви детали. Фактор сепак дознава кој е продавачот на овие акции. Станува збор за Еуростандард банка која моментно е во стечај откако Народната банка во август лани и ја одзема дозволата за работа. Потврда дека станува збор за овие акции се добива и од финансиските извештаи на берза. Во последниот стои дека 276 акции има токму Еуростандард банка. Една акција вреди 607 евра или сите тие вкупно околу 168 илјади евра.
Директорката на Заграбската берза Ивана Гажиќ уште завчера попладнето изјави дека со ова се продлабочуваат веќе добрите врски меѓу двете берзи.
На почетокот на овој месец, двете берзи потпишаа договор за соработка во областа на едукативните услуги што ќе им ги обезбедува на учесниците од Македонија академијата на Загребската берза, а компаниите котирани на Македонската берза учествуваа на конференции за инвестиции организирани од Загребска берза.
„Нашите два пазари се многу блиски. Консолидацијата е природен развојен пат не само за помалите, туку и за глобалните, големи пазари на капитал. Целта е да им се обезбеди поголема видливост на пазарите, и на инвеститорите и компаниите подобра и поекономична услуга, како и повеќе можности и за инвестиции и за прибирање капитал. Долги години успешно соработуваме со нашите колеги од Македонија и нашата намера е понатаму да ја продлабочуваме оваа соработка на заедничко задоволство и придобивка на двете економии, изјави Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загребската берза.
Инаку Комисијата за хартии од вредност веќе издаде Решение за согласност за преземање на квалификувано учество поголемо од 10 отсто во Македонска берза.Со Решението се дава согласност на Загребска берза Д.Д Загреб да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје.
„Согласно барањето за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје и Одлуката на Надзорниот одбор на Загребачка берза Д.Д Загреб Загребачка берза Д.Д Загреб има намера да стекне 276 акции, односно 9,89 отсто од акциите на Македонска берза АД Скопје со што процентуалното учество би се зголемило од 5,3 проценти на 15,19 проценти од акциите на берзата, стои во документот
Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста.
Тие 5,3 отсто кои Загребската берза ги поседува во Македонската берза практично ги купи на крајот на 2019 одина. Освен тие други акционери во Макеоднска берза се неколку домашни банки.Александра Томиќ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.