Добивај вести на Viber
Министрите, но и градоначалниците и политичарите и од власта и од опозицијата – Новата Година ќе ја дочекаат скромно. Речиси сите кои одговорија на анкетата на Фактор посочија дека Новата Година ќе ја дочекаат дома или во некој до македонските туристички центри.
Зоран Ставрески, министер за финансии
„Ќе бидам на работа до 19 -20 часот, а потоа ќе бидам дома, одговори Зоран Ставрески за Фактор.
Зоран Заев, претседател на СДСМ
„Деветта година по ред, традиционално ќе бидам со штитениците во Заводот за рехабилитација Бања Банско„, изјави за Фактор Зоран Заев
.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество
„Новогодишната ноќ ќе ја поминам во домашна атмосфера. Секако, малку ќе поминам и скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек“, изјави за Фактор Иво Ивановски.
Кире Наумов, СДСМ
„Новогодишната ноќ ќе ја поминам дома со семејството и со пријатели. А за Божиќните празници ќе бидам во Крушево“, изјави Кире Наумов за Фактор.
Илчо Захариев, градоначалник на Штип
„15 години сум за Новаа Година сум дома, па така и оваа година нема да ја нарушам традицијата. Останувам во домашна атмосфера со сопругата. Секако вечарта ќе бидат и на плоштадот во Штип каде организираме мала новогодишна забава со штипски пејачи, а ќе настапува и Маја Вучќичевиќ. Општината обезбеди храна и пијалоци за 2000 граѓани, односно за оние кои немаат можност да отидат некаде. Исто така вечерта ќе ги и противожарната бригада, како и болницата во Штип. Следниот ден, односно на први јануари 2014 година ќе ја посетам мојата мајка во родното село, каде го наоѓам својот мир“, вели за Фактор, Илчо Захариев.
Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар
„Ќе бидам на скверот Јадран. Во склоп на манифестацијата Град во градот, која ја организира нашата општина. Очекувам Суперхикс и Прљаво казалиште да приредат одлична забава“, изјави за Фактор Андреј Жерновски.
Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски
„Со семејството ќе бидам во Маврово“, одговори Миле Јанакиески за Фактор
Ивица Коневски, градоначалник на општина Аеродром
„Новогодишните празници со семејството ќе ги поминам во Крушево“, одговори Ивица Коневски за Фактор.
Спиро Ристовски, министер за образование
„2014 година ќе ја дочекам во Скопје, со семејството и пријателите.Со сопругата и ќерќата ќе одиме на заедничка домашна прослава и дочек на Новата Година со пријателите“, изјави за Фактор Спиро Ристовски.
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
„Новогодишната ноќ ќе минам во домашна семејна атмосфера со пријатели, изјави за Фактор, Дамјан Манчевски.
Диме Спасов, министер за труд и социјална политика
„Новогодишната ноќ ќе ја минам дома со семејството“, изјави Диме Спасов за Фактор.
Е, па почитувани министри, опозиционери и градоначалници, Среќна Нова Година!
С.Н.