ФАКТОР СО ДЕТАЛИ-НА БОКИ 13 МУ Е ОТСТРАНЕТ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЖЕЛУДНИКОТ: „Сега е на Одделението за интензивно лекувње“
Објавено во: Македонија 31 Март, 2023 15:52
Вчерашниот
оперативен зафат на желудникот на Бојан Јовановски-Боки 13 траеа околу 3 и пол
часа, потврдуваат извори на Фактор од Клиниката за хируршки болести „Свети Наум
Охридски“ или поранешна Градска болница. Велат дека станува збор за една од
потешките операции која е успешно завршена.
-По долги испитувања направени кај пациентот Бојан Јовановски, стричниот колегиум одлучи да направи оперативен зафат бидејќи постоеја сериозни индикации за тоа. Беа утвредни промени на овој витален орган заради што мораше да се направи операцијата. При тоа, кај пациентот отстранет е поголем дел од желудникот, односно останати се само 15 проценти од органот. Со текот на времето ќе има проширување, но засега од желудникот му се останати само 15 проценти. Потоа, кај пациентот е направено спојување на остаточниот дел од желудникот со тенкото црево за да има нормална функција цо однос на хранењето, велат изворите на Фактор.
На прашањето за какви промени на желудникот станува збор, болничките извори за Фактор брифираат дека станува збор за претканцерогени промени заради што операцијата била неопходна.
-Освен претканцерогени промени, кај пациентот секако постоеше голем ризик за развој на посериозна состојба од претходните зафати кои ги имал направено. Сега ќе следува еден постоперативен период на адаптација. Во моментов е на Одделението за интензивно лекување, а откако ќе биде преместен на одделение прво ќе се почне со течна исхрана за да може целосно да закрепне, истакнува изворот на Фактор.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




