ФАКТОР ВО ТИРАНА: The Ultimate Business Playground, врвен регионален настан на Httpool as Meta Authorized Sales Partner
Објавено во: Економија 02 Мај, 2023
Бизнисот веќе одамна не се базира само на тоа како нешто да се произведе, и овој факт на сите ни е добро познат. Продажбата и начинот како тој производ или услуга да допре и анимира што повеќе луѓе, и не само на еден мал и ограничен простор, туку многу пошироко, е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите во денешното бизнис опкружување.
Продавници и продажни салони, тоа е секако многу добро, корисно и преку потребно, но дали е доволно? Сигурно дека не. Светот отиде многу понапред од тоа, а со појавата на вешташката интелигенција, се чини дека ќе продолжи да се движи и многу побрзо отколку досега.
Дигиталното рекламирање веќе стана аксиома, стана неопходност без која не смее ни да помисли да работи или да стартува секоја угледна и бонитетна компанија која сака да се развива и да напредува.
И сите сме многу добро свесни дека светот на дигиталното рекламирање постојано се развива, и токму затоа многу лесно можат да се разберат предизвиците со кои се соочуваат бизнисите во својата трка да останат во зоната на конкурентноста и одржливото работење. Компанијата Мета, веќе добро позната на овдешната јавност, и нејзините Мета платформи, се една од клучните алатки кои бизнисот кој држи до својот прогрес, секако дека мора да ги применува.
Токму затоа, Мета преку своите партнери во балканските држави во регионот, одлучи да ги собере на едно место регионалните индустриски лидери.
The Ultimate Business Playground беше настан од светот на дигиталното рекламирање кој не смееше да се пропушти. Се одржа во хотелот Маритим Плаза во преубавата Тирана, добивајќи го вниманието и присуството на бројни клиенти од Албанија, Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Бугарија.
И редакцијата Фактор доби можност да присуствува на овој врвен event, благодарение на Httpool Македонија, компанија која веќе со години работи успешно во оваа област, а неодамна го доби престижното партнерство на Мета, односно сега Httpool as Meta Authorized Sales Partner.
Целта на оваа конференција беше јасна, а таа е регионалните бизнис лидери во оваа индустрија да ги споделат своите сознанија, стратегии и алатки, кои ќе им помогнат на клиентите да го зголемат нивниот бизнис и да напредуваат во денешниот динамичен дигитален пејзаж.
Со посебен фокус на рекламирањето на Мета платформите, на овој настан беше задолжително да присуствуваат сите кои сакаат да останат конкурентни во индустријата.
„Во Httpool by Aleph, Meta Authorized Sales Partner (ASP) во овој дел од Европа, ние сме посветени да ви обезбедиме локална поддршка и советодавни услуги во вашата земја за целосно искористување на моќта на Meta технологиите, вклучувајќи Facebook, Messenger, Instagram, WhatsApp и Audience Network“, беше клучната порака која клиентите од регионот ја добија на конференцијата.
Врвните говорници кои се обратија на настанот ги споделија своите анализи и податоци, но и непроценливи искуства, кои треба да им помогнат на балканските бизниси да растат заедно со Мета платформите.
Па така, присутните на настанот имаа прилика да ги чујат извонредните предавања од Sanja Lalevic - Global Comms and Education Lead, Сања Лалевиќ, Bianca Vlaston – META Lead Balkans, Petar Jevtic – META Global Performance Lead, Jesudetan Onasanya – META Nigeria Lead, кој ги пренесе искуствата директно од тамошниот респектабилно голем пазар, потоа Lazar Malakov - Customer Success Director, Facebook Lead Bulgaria, Tamara Jelic, Head of Business Development, Coinis Ltd, Valentina Marinova, Digital Marketing Manager
MediaPost Hit Mail, Ivan Kordic, Chief Marketing Officer, Shoppster Serbia, Србија, како и Kristiana Myslimaj - META Client Solutions Manager.
Низ одличното модераторство на Лалевиќ, се отворија и се дискутираше за многу прашања, како Што е програмата Meta Authorized Sales Partners (ASP) и како Httpool by Aleph, како Meta ASP на Балканот, ќе им помогне на бизнисите да напредуваатерат. Целта е длабоко да се нурне во придобивките од партнерството со Httpool.
Се разговараше и на темата прекугранична електронска комуникација, во смисла кои чекори треба да ги земете предвид кај е-трговијата кога планирате да одите преку граница? Како треба да се подготват бизнисите за тоа? Како вештачката интелигенција се вклопува на таа слика? Говорниците дадоа се од себе да одговорат на сите овие прашања, но и заеднички да се разбијат неколку популарни митови. На пример, дали дигиталните навики се исти кај сите балкански потрошувачи, со оглед дека тие генерално беа дел од една заедничка држава? Секако дека не, одговори икскусниот Петар Јевтиќ, колку и да се мисли спротивното, покажале анализите на врвните истражувачи. Што ќе рече дека секој пазар си е приказна сам за себе и мора добро да се истражи, пред да се донесе одлука кои модели на дигитално рекламирање ќе се користат.
Говорниците дискутираа и на тема како бизнис лидерите да донесат сигурни и информирани одлуки за иднината. Изгледите за глобалната економија се менуваат од ден на ден и, во зависност од тоа кого прашувате или кои податоци ги разгледувате, може да добиете оптимистичка перспектива или застрашувачки економски предвидувања. Овие економски спротивставени ветрови се веројатно во првите редови на вашето размислување. Токму и затоа се разговараше за глобалното и локалното економско влијание врз растот во економиите во развој, стратегиите за распределба на буџетот, стратегиите за UA и задржување, како и за улогата на луѓето кои работат на маркетинг во една компанија за време на пад на глобалната економија.
Посебно внимание предизвика панел дискусија со партнерите на Httpool, Тамара Јелиќ од Coinis, Валентина Маринова од MediaPost Hit Mail и Иван Кордиќ од Shoppster, кои го споделија своето искуство со Meta и Httpool, и дадоа фантастично корисни совети не само за постигнување одлични перформанси, креативна работа и за тоа како се постигнуваат успеси, туку и за конкретните проблеми со кои се соочиле, но и решенијата што ги нашле. Всушност, низ нивните искрени одговори присутните добија вредни совети за тоа како да добијат најмногу што може од нивното партнерство со Httpool.
Водете вистински бизнис раст, беше една од поентите на конференцијата. „Испитајте го преку мерење ефектот на Мета рекламирањето и откријте успешни приказни кои ја илустрираат врската помеѓу точната аналитика, ангажманот на клиентите и растот на бизнисот“, нагласија говорниците.
„Каков победнички и неверојатен настан во Тирана, што го означува нашето лансирање на Httpool во регионот како Meta ASP. Толку благодарни што имаме толку одлични деловни партнери!“, напишаа организаторите за настанот.
Или, една од пораките, со право гласеше „Добијте увид за Мета платформите и стратегиите за прекугранична е-трговија со помош на вистински волшебници на теренот“.
И уште еден впечаток, лично од Фактор. Дигиталците знаат да направат навистина интересен и ефективен настан. Многу повеќе суштина, многу помалку непотребни говори.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.