19 Декември, 2025
0.0362

Какви кредити и камати нуди Европската Инвестициска Банка во Македонија!

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2013 09:29

Добивај вести на Viber

Овој месец Македонија треба да ја повлече петтата транша од кредитната линија (III) од Европската Инвестициска Банка. Станува збор за транша која е дел од кредитниот пакет наменет за подршка на малите и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра. Овие пари, во услови на селективно и претпазливо банкарско кредитирање, се сметаат како атрактивен извор за финансирање во време кога достапноста до финасии е ограничена. Во оваа анализа, “Фактор“ ќе ги сумира ефектите, условите и намената на средствата што беа инјектирани во македонското стопанство преку Евопската Инвестициска Банка. Еве како изгледаше динамиката на одобрување на кредитите, кои Владата ги именуваше како “антикризна“ мерка. Прва кредитна линија – реализација во текот на 2009 та година. Вредноста изнесуваше 100 милиони евра. Втора кредитна линија – реализација во текот на 2011 та година. Вредноста изнесуваше 50 милиони евра Трета кредитна линија – реализација во текот на 2013 та година. Вредноста изнесува 100 милиони евра. Од третата кредитна линија досега се повлечени околу 50 милиони евра, со што ќе се затвори целосната финансика конструкција од 250 милиони евра. Минатата недела министерот за финансии Зоран Ставрески ги сумираше ефектите од ова кредитирање. Финансиска подрша добиле 1 000 компании кои понудиле  850 проекти. “Преку македонските банки завршија во македонските мали и средни претпријатија, се поддржа македонската економија. Претпријатијата добија поддршка во кризата, а се креираа над 5.000 работни места“ - изјави министерот. КРЕДИТИ : УСЛОВИ И КАМАТИ Европската Инвестициска Банка се смета за еден од клучните “евтини“ извори за финасирање на приватниот сектор. По ЕИБ, следува и Македонската Банка за подршка на развојот, за која владата одобри докапитализација од 10 тина милиони евра, за да се зголеми кредитното портфолио. За бизнисмените клучни се три сегмени во кредитирањето, висината на каматната стапка, периодот на отплата и обезбедувањето на хипотека. Каматните стапки се различни во зависност од бизнис – профилот на компанијата и од намената на средствата : - Инвестициски кредити за малите и средни претпријатија преку  ЕИБ и МБПР. Камата изнесува  5,5%. - Кредитната линија за откуп, преработка и извоз на земјоделски производи. Каматна стапка од  3%. - Кредитната линија од земјоделскиот Кредитен Дисконтен Фонд (ЗКДФ), Каматата изнесува  4%; - Кредитната линија за поддршка на извозот. Каматна стапка од  6% - Кредитната линија од Посебниот Кредитен Фонд. Каматата изнесува   до 8%. Еве кои бизниси и под кои услови може да се задолжуваат со овие кредитни линии : Кредити за извозни компании : Износот за кредитна подршка се движи од 15 илјади до 1 милион евра. Рокот за отплата е две години. Камата изнесува 6%. Од компанијата се бара да обезбеди хипотека преку недвижен имот, акции, гаранции. Кредити за мали и средни претпријатија: Во овој сегмент се нудат два вида на кредити : за инвестиции и за трајни обртни средства. Особено значајни се кредитите инвестиции. Парите се обезбеудуваат преку повеќе извори. Прв извор е Македонската Банка за подршка на развојот. Вредноста на кредитот може да се движи од најмалку 10 000 до најмногу 500 000 евра. Рокот на отплата е 8 години со камата од 8%. Втор извор беше кредитната линија (два) од Европската Инвестициона Банка која вкупно тежи 50 милиони евра. Износот на кредитот се движи од 10 000 до 3 500 000 евра. Рокот на отплата е 8 години, но кредитот се отплаќа на квартално ниво. Каматата изнесува 5,5%. Трет извор е кредитната линија (три) од Европската Инвестициска Банка во вкупна вредност од 100 милиони евра. Кај оваа кредитна линија сумата на пари што може да бидат одобрени, каматната стапка и рокот на отплата се  исти како и кај кредитната линија II на ЕИБ. Кредити за земјоделството: Максималната сума што може да биде одобрена преку Македонската Банка за подршка на развојот изнесува 100 000 евра. За кредитирање на примарното земјоделство, банкарските камати се движат од 4% до 6% во зависност од тоа дали се одобрваат преку банки или штедилници. За кредитна подршка на земјоделството, како извор остануваат и парите од ИПА фондовите. Кредити за енергетика : Максималниот износ за овие кредити изнесува 500 000 илјади евра. Стриктно се одобруваат за два вида на проекти : енергетска ефикасност и обноливи извори на енергија. Рокот на отплата е 6 години, но каматната стапка се посочува како променлива . Најголем дел, од 75% до 90% од траншите на кредитните линии се наменети за подршка на инвестиции, додека помал дел за обртни средства. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка