19 Декември, 2025
0.0411

ВИДЕО Фактор24: Ќе го играме „Тешкото“ или ќе се „Молиме“ - Каква политичка разврска не очекува

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 15:07

Добивај вести на Viber

Во второто издание на новиот ТВ политички магазин Фактор24 ја обработуваме темата за постизборното расположение во Македонија и импликациите од изборната кампања која беше одбележана и од користењето на поезијата на Блаже Коневски со песните „Тешкото“ и „Молитва“ во двата рекламни спота на опозицијата и власта. 

Најемотивниот дел од кампањата се пресликува и во овој неизвесен период кога исходот од изборите вечерва ќе биде потврден од ДИК и ќе видиме во која насока ќе се движи Македонија. 

Во Фактор24 ги анализиравме и економските последици од долготрајната политичка криза, бараме одговор на прашањето што треба да биде приоритет на идната влада.

Во ова издание на Фактор24 импресии од карикатуристот и портретист Сабедин Ејупи Сајгон, неговите секојдневни средби со минувачите, кои се нивните очекувања и како гледаат на цртежите, дали тие се огледало на моменталната општествена слика.

Исто така ќе може да ја погледнете и новата ТВ колумна Факторизација на Христијан Станоевиќ за очекувањата на политичарите од изборите и што добија, а што загубија, дали првичната еуфорија не одведе во нова општествена тензија. 

Фактор24 е телевизиски проект на тимот на веб порталот faktor.mk со водителот Горазд Чомовски и покрај на интернет страните и социјалните мрежи магазинот ќе може да го гледате секоја среда во 22:30 часот на ТВ 24 Вести.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки