Фалсификуваниот мед – закана за пчеларите
Објавено во: Агробизнис 16 Октомври, 2014 18:29
Оваа година неповолните временски прилика ја направија најнеповолна за пчеларите. Како резултат на влажното време, приносите на мед оваа година се намалени за 80% во однос на претходните години. Затоа и цената на медот била покачена на 300 денари велат производителите на мед, а како резултат на тоа на пазарот во големи количества го имало и фалсификуваниот мед. Пчеларите велат, во денешно време тешко е да се препознае кој е природниот мед.
-Ние велиме дека медот треба да кристализира. Фалсификатот многу тешко се препознава, бидејќи луѓето кои го прават се многу вешти. Секој мед има различна кристализација, ливадскиот од 4-5 месеци, додека шумскиот до една година, вели Пеце Чавдаровски, производител на мед.
Пчеларите велат, се наоѓа насекаде, но е означен со ситни букви во составот дека содржи гликозен сируп.
-Се познава по бистрината на медот, не е заматен, а природниот се заматува, вели Чавдаровски.
Овој фалсификат мед, кој пчеларите го сметаат како еден од најголемите проблеми, се надеваат дека ќе го решат со надлежните органи.
-Ние сме во постојан контакт со инспекциските органи, Испративме наши барања да се интервенира. Мислам дека имаат откриено неколку случаи, вели Менде Трајковски, производител на мед.
Токму заради тоа, упорни се и велат ќе истраат во борбата против оваа нелојална конкуренција.
-Треба да се работи да се влее страв кај нив, бидејќи тие се нелојална конкуренција, изјави Трајковски.
Минатата недела во Битола се одржаа традиционалните денови на македонскиот мед, а организаторите се категорични дека на оваа манифестација никогаш на штандовите нема да се појави овој лажен мед.
(Извор:Тв Тера)
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





