20 Декември, 2025
0.0464

Фантастично изненадување на Сковин Балкан Стенд ап

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 11:10

Добивај вести на Viber

И официјално, петок 20.12.2013 е денот кога на Македонија и доаѓа моментот да се насмее за сите други 364 денови. Балкан Стенд Ап го најавија нивниот четврти по ред фестивал и богами имаме на што да се радуваме! За прв пат на фестивалот, а и за прв пат воопшто во такво издание ќе го видиме еден од најомилените и најпознати луѓе кај нас, човек кој не засмејува со децении и кој е вистински експерт на темата хумор. Сите кои ќе присуствуваат на Сковин Балкан Стенд Ап 4 ќе имаат можност меѓу другите, да уживаат и во настапот на Бубо Каров од К-15! "К-15 се народни херои. Точка. Јас сум меѓу илјадниците што пораснаа со нивниот хумор и нивните емисии и неизмерно го почитувам ликот и делото на Бубо. После толку многу години поминати пред телевизор, едвај чекам да го видам на сцена" - рече домаќинот на настанот, Жарко Димитриоски од шоуто Еден на Еден. Запрашан како редовен домаќин на фестивалот, што мисли за тоа кој ќе се покаже во најдобро светло, Жаре одговори - "Игор Џамбазов и Бубо... Замисли го само тоа. Ајде сега на тоа додај го и Марјан кој е се подобар, посамоуверен и поквалитетен од година во година. Неша Бриџис веќе го знаеме и буквално секој кој го гледал е запрепастен од неговата енергија и ненормално добри имитации и физички хумор. Српски Џим Кери! Александар доаѓа прв пат и убеден сум дека ќе биде одличен, а Срѓан на повеќе наврати го прогласиле за крал на кратките шеги и афоризми. Ова веќе не е обичен фестивал, ова треба да е празник на смеата. Не знам кој ќе биде најдобар ама знам дека ова ќе е најдобриот Балкан Стенд Ап досега! Особено ми е драго што и оваа година сме подржани од Министерството за Култура, а од оваа година и винаријата Сковин ќе ни помогне повеќе да се смееме" Игор Џамбазов, Бубо Каров, Марјан Георгиески, Неша Бриџис, Срѓан Динчиќ и Александар Перишиќ ја сочинуваат ол стар поставата на овогодинешниот Сковин Балкан Стенд Ап. Поучени од искуството и од фактот што секоја година побарувачката на карти е многукратно поголема од понудата, топло препорачуваме веднаш да си обезбедите карти за овој мега настан преку продажната мрежа на Купи Карти за Се (http://kupikartizase.com/Home/SalesLocations). Истите до 16.12. се продаваат по цена од 400 денари, а од 16.12. по цена од 500 денари.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии