18 Декември, 2025
0.0392

ФАО ценовниот индекс на храната за jули драстично опадна

Објавено во: Мои пари 02 Август, 2018 14:39

Добивај вести на Viber

Цените на извозот за житарки, млечни производи, шеќер, месо и растителни масла се намалуваат

Глобалните цени на земјоделските производи во јули драстично опаднаа, бидејќи сите главни трговски стоки забележаа значителен пад, предводени од млечните производи и шеќерот.

ФАО ценовниот индекс на храната во просек изнесуваше 168,8 поени, 3,7 отсто под нивото во јуни, што претставува најголем пад на месечно ниво од крајот на минатата година. Индексот постојано се зголемуваше во 2018 година, се до јуни.

ФАО ценовниот индекс на храната е мерка за месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница.

ФАО ценовниот индекс на млечните производи го предводеше падот, намалувајќи се за 6,6 проценти, при што цените на путерот и сирењето опадна побрзо од цените за полномасно и обезмастено млеко во прав.

ФАО ценовниот индекс на шеќеротопадна за 6 отсто, близу до три-годишното ниско ниво, главно поттикнато од подобрените изгледи за производство во Индија и Тајланд, двете важни земји за производство на шеќер. Очекувањата за намалено производство во Бразил, најголемиот светски производител и извозник, го ограничија падот на меѓународните цени на шеќерот.

ФАО ценовниот индекс на житните култури се намали за 3,6 отсто одјуни и сега е под нивото од пред една година. Извозните цени за пченица, пченка и ориз се намалија, иако вредностите за пченицата и пченката се зголемија кон крајот на јули.

ФАО ценовниот индекс на маслото од растително потекло беше намален за 2,9 отсто, негов шести последователен месечен пад, а сега е на најниско ниво од јануари 2016 година. Дел од падот во јули беше поттикнат од слабоста на пазарот на соја, кој е под влијание на трговски спор помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави. Вредностите на маслото од семе од репкапораснаа, поттикнати од зголемената побарувачка од производителите на биодизел и негативните изгледи на растителното производство во Европската унија.

ФАО ценовниот индекс на месото забележа пад од 1,9 отсто во однос на вредноста во јуни, која беше ревидирана во пресрет на повисоките извозни цени од Бразил поради штрајкот на транспортните работници.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!