02 Јули, 2024
0.0311

ФАО и Македонија потпишаа тригодишен договор за соработка

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини преку одржлив рурален развој, како и одржливо управување со природните ресурси и  справување со климатските промени, се главните приоритетни области на тригодишниот договор за соработка што денеска се потпиша помеѓу ФАО и Република Македонија.

Програмската рамка на ФАО за Македонија за периодот 2018-2020 година ја потпишаа денескаво СкопјеМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Владимир Рахманин, помошник-генерален директор на ФАО и регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија.

"Приоритетните области на договорот се во согласност со приоритетите на земјата во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020, а во насока на поддршка на земјата за напредок и усогласување на земјоделството и руралниот развој согласно барањата за пристап кон Европската унија, и исполување на Целите за одржлив развој”, истакна Ракхманин. "Договорот ги спојува потребите и приоритетите на земјата со експертизата и искуството на ФАО и особено придонесува за одржлив и сеопфатен раст на малите земјоделци и семејните фарми, подобрена безбедност и квалитет на храната, одржливо и поотпорно земјоделство и силен институционален капацитет".

Земјоделството и производството на храна играат витална улога во македонската економија, учествувајќи со 16 отсто во бруто домашниот производ и вработувајќи повеќе од една третина од работната сила. Поради големата расцепканост на земјоделското земјиште – едно земјоделско стопанство е, во просек, помало од 2 хектари – земјоделските стопанства се одликуваат со ниска продуктивност и конкурентност во споредба со другите земји во регионот.

Програмскиот документ ги адресира предизвиците со кои се соочуваат руралните заедници, вклучително ограничените инвестиции во земјоделска инфраструктура, стареењење на руралното население,  отежнатиот пристап на земјоделците до пазарите, недостатокот на можности за диверзификација на приходите, ограниченото знаење за одржливи земјоделски практики, деградацијата на земјиштето и изложеноста на климатските промени. Проектот на ФАО за интегриран развој на локалните заедници, кој ќе започне наскоро, ќе ги адресира овие области.

Преку тековниот проект финансиран од Европската унија - МАИНЛАНД, ФАО им помага на малите земјоделци и семејните фарми да ги надминат овие потешкотии, истовремено помагајќи му на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да развие целосно функционална национална програма за консолидација на земјиште.

Плановите од програмата, исто така, вклучуваат надградба на стандардите за безбедност на храна, квалитет и маркетинг во секторот за месо и млечни производи; подобро интегрирање на фармерите во вредносните синџири на производство на храна, со фокус на домашното бројлерско производство; и поддршкана земјата да ги намали загубите и отпадот од храна.

Поддршка на владините напори да се подобри земјоделското образование и советодавните услуги за земјоделците, е исто така дел од програмата, како и креирање и усогласување на политиките за земјоделство и рурален развој со меѓународните и стандардите на Европската унија.

Друг клучен приоритет на програмата на ФАО е зајакнување на способноста на земјата за одржливо управување со природните ресурси - вклучително водата, шумите и рибните ресурси – како и капацитетот за справување со климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи во земјоделството.


Подготвеност за справување со климатските промени

За да ја поддржи во транзицијата кон поотпорно, одржливо земјоделство и системи за храна, ФАО и помага на земјата во пристапот до финансиски средства  за заштита на животната средина  и борба против климатските промени, од извори како што се Зелениот климатски фонд и Глобалниот фонд за животна средина.

Денес помошник-генералниот директор на ФАО, Ракхманин и Кочо Анѓушев, Вицепремиерот за економски прашања, го потпишаа првиот проект имплементиран од ФАО за Република Македонија, финансиран од Програмата за подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд. Со вредност од 300.000 американски долари, проектот ќе и помогне на земјата во искористување на можностите од Фондот и воспоставувањето механизми за одредување на националните приоритети за ублажување на и прилагодување кон климатските промени.

Двајцата партнери, денеска, исто така разговараа за можноста за развој на втор подготвителен проект од Зелениот климатски фонд, вреден близу 1 милион американски долари, што ќе и помогне на земјата ефективно да пристапи кон средства од Фондот и да ги стави во функција на развој на поодржлив и ниско-емисион земјоделски сектор.

ФАО неодамна започна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за развој на регионален проект, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, кој има за цел да им помогне на балканските земји да се справат со деградацијата на земјиштето.


Во презентацијата на програмата, Горан Ставриќ од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија истакна дека ФАО е специјализирана агенција на Обединетите нации која ги води меѓународните напори за искоренување на гладта,  зголемување на безбедноста на храната и достапноста на висококвалитетна храна за сите, одржливост на земјоделството и системите за храна. За остварување на оваа цел, тој истакна дека ФАО обезбедува техничка помош за земјите членки со силна поддршка на владите и ресурсните партнери.

"Со задоволство очекуваме да ја зајакнеме соработката со Владата и со македонскиот народ", истакнаВладимир Рахманин, "за да и помогнеме на земјата да ги исполни Целите за одржлив развој, како и барањата за интеграција во Европската унија".


Можеби ќе ве интересира

ЛЕТЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ, НОВ ПРОИЗВОД ОД ШПАРКАСЕБАНКА

ЛЕТЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ, НОВ ПРОИЗВОД ОД ШПАРКАСЕБАНКА

КОЖУВЧАНКА ДОО донираше ИЗВОРСКА вода на Армискиот полигон Криволак!

КОЖУВЧАНКА ДОО донираше ИЗВОРСКА вода на Армискиот полигон Криволак!

ЖЕШКИ БОНУСИ, НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ЖЕШКИ БОНУСИ, НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕНА МИКРОНЕВРОХИРУРШКА ОПЕРАЦИЈА СО ФЛУОРЕСЦИНСКО БОЕЊЕ ВОДЕНА ОД НЕВРОНАВИГАЦИЈА

ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕНА МИКРОНЕВРОХИРУРШКА ОПЕРАЦИЈА СО ФЛУОРЕСЦИНСКО БОЕЊЕ ВОДЕНА ОД НЕВРОНАВИГАЦИЈА

Балканското првенство во џудо за помлади пионери со поддршка од Моја кравица

Балканското првенство во џудо за помлади пионери со поддршка од Моја кравица

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места

ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно Bridal Show во „Цар Самуил“: Ноќ на емоции, висока мода и убавина

ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно Bridal Show во „Цар Самуил“: Ноќ на емоции, висока мода и убавина

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци