Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч
Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2024
Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, освои сребрен медал на турнирот од Светската младинска карате-лига (У21) што моментно се одржува во Пореч, Хрватска.Во финалето во категоријата над 84 килограми тој се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без бодови, 0-0, но членот на скопскиот клуб не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист.
До финалето во својата категорија Стојановиќ ги оствари следниве резултати во борбите против: Матко Зеленика (Хрватска) 1-0; Омар Абделбаки (Египет) 1-0; Данил Касаинов (Украина) 4-0. Во полуфиналето тој беше подобар од Зајед Албиши од Саудиска Арабија, со кого мечот заврши 2-0.
Карате клубот „Макпетрол“ има петпретставници во тимот на Македонија којшто учествува на Карате 1 Младинската лига во Пореч.Покрај Стојановиќ, дел од овој турнир се: Јована Мицовска (-61 кг.), Димитар Лозаноски (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.). Тимот на „Макпетрол“ го предводи тренерот Петар Заборски.
На Светската Карате 1 Младинската лига настапуваат 3,639 каратисти со 3,714 натпреварувачки влезови од 74 држави.
ПР објава