05 Декември, 2025
0.5438

ФАО:Производството на пченица годинава ќе порасне за 4,3%

Објавено во: Агробизнис 08 Март, 2013 10:40

Добивај вести на Viber

Глобалните цени на храната во февруари останаа на непроменето ниво во однос на претходниот месец, додека родот на пченицата во оваа година треба да порасне за 4,3 процентни поени, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната, кој го прави ФАО, задржан е во февруари на 210 поени, на исто ниво како и во јануари и за пет поени под нивото од февруари 2012 година. Цените на житариците и шеќерот паднаа, цените на местото останаа на ниво, додека цените на млечните производи се зголемија, како последица од бранот на топлото време во Австралија. Во меѓувреме, се прогнозира дека производството на пченица ќе порасне на 690 милиони тони во 2013 година, што би било втор рекорден глобален род на пченицата. Тоа е резултат на зголемената сеидба во Европа и ширењет на полињата на некои големи производители како што се Русија и Соединетите Американски Држави.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?