26 Јуни, 2024
0.0263

Фармацевтите вторпат апелираат: Стоп за законот за лекови или штетите ќе бидат непроценливи!

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

По вторпат Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки во Сојузот на стопански комори бара одлагање на измените во Законот за лекови и медицински помагала, кој е од исклучително значење за опстанокот на фармацевтската фела. Фармацевтите бараат надлежните институции да им излезат во пресрет „за да не се направат непроценливи штети“. Тие сметаат дека е потребно повеќе време за анализи на состојбите во државата пред донесувањето на вакво законско решение, како и вклучување во разговорите за законските измени на сите засегнати страни. „Бараме целосно да изостане членот од Законот со кој правното лице кое врши промет на големо со лекови и правното лице кое врши промет на мало со лекови да не смеат да бидат капитално управувачки или роднински поврзани. Укажуваме дека трето лице не може да дава насоки ниту обврзувачки законски елементи за менување на сопсвеничката, управувачката или организациската структура на правно лице кое е основано со приватен капитал“, стои во барањето, во кое се додава дека ваквата законска одредба нема економски ефект за никој, а напротив ги доведува во неизвесност фирмите кај кои веќе постои капитална поврзаност. „Доколку се реализира ова постои реална можност стотици вработени да останат без работа, т.е да предизвикаме дополнителен негативен ефект врз економијата во Република Македонија. Со Устав е гарантирано правото на сопственост и правото на наследување. Со ова се обесправува фармацијата како струка и дејност за разлика од другите дејности кои опстојуваат во нашата земја и секаде во светот каде е дозволено наследување на фирми или струка и не се ограничени со законски регулативи како во овој член“, велат од Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки. Дополнително, фармацевтските куќи сметаат дека не треба правно лице регистрирано според Законот за трговски друштва, кое врши промет на големо со храна, пијалаци, тутун и нафтени деривати да врши промет на големо и со лекови. „Со ова се поставува прашањето дали надлежноста на бензинска станица се поистоветува со дејноста на веледрогерии и аптеки. Односно се дава простор на гранки кои имаат друга основна дејност да ја зголемат можноста за заработка на сметка на веледрогериите и аптеките на кои основана дејност им е промет и издавање на лекови. Во поглед на заштита на граѓаните и нивното здравје се остава простор при издавање на лекови од страна на вработените во продавници за храна, пијалаци и тутун или бензински пумпи да се направи грешка при издавање и да се издадат фалсификат лекови т.е да се остави простор за злоупотреба на купените лекови. Сметаме дека инспекциската служба при Бирото за лекови едноставно физички нема да може да ја покрие контролата на теренот на сите продажни места“, велат од Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки во ССК. Ова е второ јавно обраќање на фармацевтите до ресорното министерство со аларм за последиците од планираните законски измени.

Можеби ќе ве интересира

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра