29 Септември, 2024
0.0266

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Речиси 30 отсто помалку недвижен имот е продаден во Хрватска годинава отколку во првите три месеци од минатата година. Дали причините за ваквото забавување на пазарот се поради превисоките цени или слабата куповна моќ на граѓаните? Експертите велат дека и двете. Владата ги обвинува богатите странци што купуваат во готовина, објави N1.

Дали цените на недвижностите во Хрватска конечно го достигнаа плафонот? Пазарните трендови укажуваат дека нè очекуваат промени. Во првиот квартал од годинава во главниот град се продадени 659 недвижности помалку од истиот период лани.

Во Хрватска во првите три месеци од годинава се склучени 1.711 трансакции, што е за 28 отсто помалку од истиот период лани, а дури за 36,4 отсто помалку од 2021 година кога биле продадени 2.692 недвижности. 

„Нема доволно пари. Тоа е кристално јасно. Затоа што цената на метар квадратен отиде до бесконечност. Едноставно е срамота, колку што знам лично, 25 илјади евра билo квадрат во Дубровник. 25 илјади евра! Метар квадратен стан во Дубровник!“, вели Горан од Загреб.

Увидот во статистиката според вредноста на недвижностите покажува дека најмногу паднала продажбата на станови со вредност од 2.000 до 4.000 евра за метар квадратен. Сепак, се зголеми бројот на најскапи продадени станови. Расте и бројот на имоти купени со готовина, а паѓа бројот на станови купени со кредити. Министерот вели - виновни се богатите странци.

„Голем број на недвижности во Хрватска купија странци, кои на овој начин ја покачија цената на недвижностите со поголема побарувачка. Pо правило, странците ги плаќаа овие недвижности во готово, а од друга страна, навистина имаше поскапување на работите, услугите и стока на градежниот пазар“, вели вицепремиерот и министер за просторно планирање Бранко Бачиќ.

Државата подготвува одговор - Националниот план за станбена политика, кој ќе биде претставен летово, бидејќи конечно ги добиле сите потребни податоци од Заводот за статистика.

„Тој концепт не можеше да биде целосно завршен додека не ги добиеме податоците што сега ги анализираме, ги спроведуваме и кои се основа за нашиот Национален план за станбена политика, кој, сега ќе ви кажам, ќе го презентираме пред летото, т.е. пред 5 август, пред владата да оди на двонеделна пауза“, откри министерот.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија