05 Декември, 2025
0.0330

Фармерите бараат поволни кредити со ниски камати

Објавено во: Агробизнис 11 Јануари, 2013 18:14

Добивај вести на Viber

Инвестициите во аграрот и здружувањето на земјоделците во кооперативи годинава ќе бидат клучни активности на Федерацијата на фармери.

По средбата на раководството со членовите во Струмичко, од ФФРМ изјавија дка во тек се сериозни анализи и разговори со банкарскиот сектор за обезбедување поповолни кредити и камати, како и валоризација на земјоделското земјиште како хипотекарен влог.

Од Федерацијата  изминатата 2012 ја оценија како успешна, но повторија дека останува потребата од организирано дејствување на производителите за поголема конкурентност и осовременување на аграрот.

„Организирањето и окрупнувањето на земјоделците е процес што ќе се одвива преку најразлични форми на здруженија, кооперативи и задруги. Во тој правец се јавува потреба од едукација и промена на свеста со цел подигање на рентабилноста и остварениот профит од земјоделството“, изјави по средбата претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?