Фармерите да поднесат барања за субвенционирање на осигурувањето на добитокот
Објавено во: Агробизнис 04 Јули, 2016 18:32
Фармерите годинава за прв пат можат да поднесуваат барања за субвенционирање на осигурувањето на добитокот.
Ваква услуга досега добиваа само земјоделците кои произведуваа храна од растително потекло. Земјоделците за да го осигураат добитокот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството за земјоделство до 31 август годинава.
Досега сточарите полисата ја плаќаа целосно, а со измените на Законот за земјоделство од оваа година имаат право да поднесуваат барања за субвенционирање.
Земјоделците за осигурување на добитокот во просек плаќале по 12,5 милиони денари годишно , а со 60 проценти субвенции овој трошок се намалува и ќе ги чини 7,5 милиони денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





