05 Декември, 2025
0.0322

Фармерите предупредуваат, големите поплави ќе ја поскапат храната!

Објавено во: Агробизнис 11 Март, 2013 21:10

Добивај вести на Viber

Цените на градинарските производи ќе растат поради поплавите кои го уништија родот, најавија денеска од Федерацијата на фармерите на Македонија. Од Федерацијата побараа фармерите погодени од неодамнешните поплави да не плаќаат закуп за земеното државно земјоделско земјиште, ниту надомест на водните заедници, да добијат ваучери за репроматеријали, но и стручни совети за како да го зачуваат квалитетот на почвата. „Кај фармерите што ги посетивме штетите кои се многу големи се направени на површина поголема од 230 хектари, од која на 80% се посеани житни култури, најмногу пченица. На останатите површини кои се зафатени од поплавите се насадени градинарски култури, и тоа најголеми штети има кај површините со зелка, но исто така, има големи штети и на површините на коишто се произведува расаден материјал за садење домат и пипер“, велат од Федерацијата на Фармери на Република Македонија. „Штетите ќе имаат негативен ефект врз целото градинарско производство поради што се очекува поскапување на храната“, оцени Федерацијата по посетата на Бориево, Гечерлија, Сачево, Муртино, Нова Маала, Иловица и Добрејци. Изминатите денови ФФРМ се сретнаа со градоначалниците на Босилево, Ново Село, Василево и Струмица со кои е договорено да се направи заедничка стратегија за решавање на новонастаната ситуација. Општините го лоцирале проблемот во водостопанските организации кои, како што посочиле, не се доволно оперативни поради недоволно финансиски средства, механизација и човекови ресурси.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?