ФАСЦИНАНТНО ОТКРИТИЕ: Во Египет најдена нова пирамида стара скоро 4000 години
Објавено во: Свет 04 Април, 2017
Остатоци од пирамида се најдени во Египет.
Таа е изградена пред околу 3.700 години, и е пронајдена близу т.н. „крива пирамида” на фараонот Снефру, велат од египетското Министерство за антиквитети.
Пирамидата, која и изградена во времето на 13-та династија, се наоѓа во кралската некропола Дашура, 30 километри јужно од Каиро.
Ископувањето засега е во рана фаза, па за големината и обемот на пирамидата уште е рано да се зборува.