13 Декември, 2025
0.0373

Fashion Group Digital Magazine: Една година креативност, мода и инспирација!

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2025 10:48

Добивај вести на Viber

Една од најголемите и омилени модни групации, Fashion Group, точно пред една година започна подвиг кој беше исполнет со храброст, желба и мотив нивните клиенти и соработници да добијат сосема нова перспектива на работење и креативност.

Се создаде месечен дигитален моден магазин. Година подоцна, тоа што за многумина беше храброст, денеска е успешна приказна!
Тимот што работи на неговото создавање направи ретроспектива на сите досегашни изданија, приказни – модни, но и лични – и задоволно може да продолжи во новата етапа на испишување страници.

„Навистина сме горди на досега постигнатото. Успеавме да ги споиме модата, успехот, идеите и креативноста и да ги претвориме во производ кој остава препознатливост. Често не е едноставно да се поместуваат граници, но на Fashion Group и овој пат му успеа да го стори тоа. Особено сме горди што целиот овој проект го правиме „in house“, во Fashion Group, и многу е интересно што на моменти изгледа како редакција. Многу  љубов, труд и енергија се вклучени во овој проект кој имаше за цел да ја стави модата во фокус и на еден, уште поблизок начин, да комуницира со сите оние што ги сакаат нашите брендови. Сакавме да донесеме светски трендови во Македонија и успеавме во тоа. Благодарност на сите учесници во создавањето на магазинот, на сите наши досегашни соговорници и секако до сите уживачи на овој наш креативен труд“, велат од групацијата.

Познати лица од македонската сцена ги раскажаа своите животни, професионални, но и модни приказни. Секој месец читателите имаа можност да уживаат во модни совети, инспирации, трендови.

„Оваа приказна ќе продолжи и ќе добие уште поубав правец, особено сега кога видовме дека нашата идеја е препознаена, а магазинот е нешто што со нетрпение се очекува“, додаваат од Fashion Group.

А кога сме кај нетрпението, новиот, роденденски број на магазинот е веќе објавен, а на насловната страна овојпат се најде македонската пејачка Антониа Гиговска, сосема поинаква, позрела, со нова приказна која чека да му ја раскаже на светот.

Нејзината насловна фотографија, а и сите останати од изминатата прва година на постоење на Fashion Group дигиталниот магазин, можете да ги погледнете во вид на изложба во трговскиот центар „Ист Гејт“ во делот на „Модната авенија“.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија