Fashion Group: Oдржливата колекција „Blue Me“ на брендот Kiko Milano ги освои срцата на македонските инфлуенсери
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2022 12:21
Совршен вовед за студените денови што допрва доаѓаат, лансирањето на есенската колекција 2022 инспирирана од океанот, новата револуционерна козметичка линија „Blue Me“ на италијанскиот бренд Kiko Milano беше презентирана во продавницата во Сити Мол на приземје во која највпечатливите македонски инфлуенсери се забавуваа.

- Им благодариме на сите обожуватели на брендот кои присуствуваа на испраќање на летото и заедно кажавме добредојде на есента со колекцијата „Blue Me“ во продавницата на Kiko Milano во Сити Мол. Тие имааа можност да се дружат со македонската позната мејк-ап артистка Милена Косич која успеа да создаде совршен есенски изглед користејќи ги производите од новата линија на Kiko Milano, пренесувајќи им на присутните техники за „day to night“ шминка со што ги освои срцата на македонските инфлуенсери. Дефинитивно брендот потврди зошто за толку краток период стана еден од омилените на македонските девојки, уште еднаш презентирајќи нѝ целосно веганска колекција полна со богати текстури, сместена во иновативно пакување од рециклирани материјали.
Колекцијата ја има и во продавницата во Ист Гејт, како и во нашата онлајн продавница: https://www.fashiongroup.com.mk/proizvodi/kiko-milano . - велат од Fashion Group.

Во новата колекција девојките ќе пронајдат бројни производи за нега на лицето, истакнување на очите, нега на ноктите, како и доволен број шминки за успешно справување со секој еден ден од есенската сезона.

- Она што е особено интересно е што овојпат, со цел заштита на океаните кои се целосна инспирација за колекцијата, големо внимание му е посветено на пакувањето кое е изработено од рециклирано стакло и алимуниум без користење на пластика, со тоа што на производите има QR код што ги информира клиентите за правилниот начин на користење и што со истото по искористувањето. Целосно гледајќи кон одржливата иднина и тоа колку рециклирањето е од исклучителна важност, оваа сезона почнете од себе и грижете се за околината. Со самото користење на веганските производи од линијата на брендот, придонесувате за заштита на океаните и нивно зачувување со цел вистинско уживање во истите во годините што следат. -додаваат од Fashion Group.
Оваа есен со Kiko Milano изгледаме поубаво од кога и да е и истовремено се грижите за планетата бидејќи иднината е во наши раце!
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




