05 Декември, 2025
0.0653

Фатални стории за неколкумина што добија премија на лото

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2013 10:37

Добивај вести на Viber

Според социолозите сонот на сиромашните е да заработат многу пари. Но за оние кои не се подготвени за товарот на парите, животот може да им се претвори во кошмар, посебно во следниве неколку приказни за вистински „среќници“ кои онаа милионски добивки на лотарија. Психолозите се убедени дека парите  не може да те направат среќен. Само 8% од милионерите се чувствуваат богати, останатите се жалат дека сите нивни пари одат за поддршка на имиџот и даноци. Притоа неочекуваното богатство е вистински психолошки проблем. Некои се справуваат со него, други - не. Фаталното богатство Брзите пари често стануваат фатални за своите сопственици. Зависта на околните и желбата да им одземат богатството расте. Возачот на камионот од Флорида, Абрахам Шекспир заработува 30 милиони долари на лото, за што навистина зажалил. Парите го прават многу популарен, околу него почнаа да се вртат сомнителни личности. Улогата на главниот негативец во неговата судбина ја има сопственичката на компанијата „American Medical Professionals“, Диди Мур. Таа купува за Шекспир куќа за 655 000 долари, му помага да започне бизнис, но и самата се  става на функцијата со овластување да потпишува финансиски документи, па од сметката на Шекспир повлекла над 1 милион долари и заминува на одмор. А потоа и Шекспир исчезнува. Диди Мур тврди дека милионерот решил да замине на одмор и за биде поуверлива им праќа пораки на мобилните телефони на сите роднини и пријатели. Следната година полицијата го открива трупа на „среќниот“ возач под бетонските плочи во дворот на Мур. Пријатели и милиони „Посакувам никогаш да не ја добиев премијата. Беше вистински кошмар, " вели Вилијам Роуз, кој во 1998 година освои 16,5 милиони долари. Веста дека Вилијам се збогатил силно го допира роднините и пријателите. Неговата поранешна девојка одлучила дека исто така може да бара дел од парите и поднесува тужба. Брат му пак најмува убиец, за да ги наследи потоа парите. Роднините го убедуваат да купи ресторан во Флорида и застапништва за автомобили на старо. За помалку од една година Роуз не само губи пари, но и тоне во долгови. А кога уште  еден посетител дошол да му бара пари, тој едноставно не издржал и пукал во него. Завршува во затвор. Доброволното откажување 17-годишниот студент Стјуарт Донели учи за фармацевт, работи во аптека и има добар живот, но се додека не освоил на лотарија 2 милиони долари. Младиот човек купува куќа за мајка му и една вила за себе, а потоа оди со пријателите на одмор во Тајланд. Но парите му се вртат во глава и тој се откажува од студиите, а потоа целосно престанува да излегува од дома и се претвора во осаменик. Тој признава дека не може да се справи со улогата на милионер и се плаши да комуницира. „Јас спијам, гледам телевизија, слушам музика, сурфам на интернет" кажувал милионерот. По 12 години осаменост,  Стјуард е пронајден мртов во неговата вила.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј