Фатен еден од најбараните хакери поради погрешна лозинка
Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2014
Џереми Хамонд, хакерот кој влезе во голем број веб страници на Владата на САД и разузнавачките служби, рекол дека ФБИ го открил поради тоа што својот лаптоп го заштитил со слаба лозинка.
Хамондна истражителите им рекол дека за шифра го користел името на своите мачки, што, како што истакнал самиот довело до негово апсење. Неговата лозинка била Chewy 123.
Тој е осуден минатата година на 10 години затвор, откако вооружени агенти на ФБИ во 2012 година извршиле претрес на неговта куќа.
„Мојата лозинка беше навистина слаба“; рекол Хамонд.
До 2012 година Хамонд бил еден од најбараните хакери на светот.