„ФАТЕН ВО СКАНДАЛИ, НЕМА ХРАБРОСТ ДА СЕ СООЧИ СО СВОЕТО МИНАТО“: Влен бара одговори од Османи за средбите со Груевски
Објавено во: Македонија 31 Август, 2025 13:13
Неверојатно е да се слуша Бујар Османи како зборува за „ветинг“ и реформи. Ова е човекот кој е оптоварен со бројни ревизорски извештаи за злоупотреби, човекот кој е вмешан во отворени досиеја на СЈО, човекот кој како министер даде зелено светло за влезот на МТЕЛ, распродавајќи ги албанските интереси.
Ова го посочуваат од владејачката Влен денеска во соопштение испратено до медиумите откако вчера министерот од нивните редови, Изет Меџити побара Османи да објасни зошто и колку пати се сретнал со избеганиот поранешен премиер Никола Груевски.
- Ова е истиот министер кој им дозволи на српските и црногорските компании да добијат лиценци за управување со бизнисот со казина, претворајќи ја државата во терен за странски олигарси. Ова е Бујар Османи, политичар фатен во скандали, кој нема храброст да се соочи со своето минато, но денес се осмелува да проповеда политички морал.
Затоа, јавно го прашуваме:
Зошто не зборуваш за сопствениот ветинг?
Зошто не ни кажеш зошто отидовте во Унгарија да се сретнете со Никола Груевски? Што побаравте од него кој избега од правдата?
Зошто Албанците беа посиромашни, помалку застапени и повеќе разочарани од кога било за време на вашата влада?
Албанците веќе ја разбраа вистината. ДУИ повеќе не е „политичка куќа“ или „заштитник на националните интереси“, туку структура која постои само за да го спаси образот на неколку дискредитирани поединци - нагласуваат во соопштението.
Потоа додаваат дека Влен е одговорот, со нивниотнов, чист и подготвен тим.
- Не се плашиме од реформи или транспарентност бидејќи немаме што да криеме. Промената започна. Излажувањата на ДУИ повеќе не функционираат. На 19 октомври, Албанците ќе ја запечатат иднината: ВЛЕН е реформа! ВЛЕН е единство! ВЛЕН е победа! - заклучуваат на крајот од соопштението.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




