15 Декември, 2025
0.0401

Фатмир Бесими: Се зголемува данокот за егзотичната храна

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022 14:59

Добивај вести на Viber

Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешната прес-конференција по владината седница соопшти дека како дел од даночната реформа што ќе следува следниот пеирод со законски измени ќе се укине повластената даночна стапка од 5 отсто за ДДВ на егзотичната храна.

Како што најави министерот, ни самиот не бил свесен дека во повластената стапка нема само производи како шеќер, брашно и ориз, туку има и луксузни производи како „морски кучиња и морски мачки“.

„Најавено е укинување на повластената даночна стапка за неколку категории кои порано имале одредена цел за одреден временски период, но сега се создаваат дисторзии. Се работи за стеснување на листата на луксузни прехрамбени производи. Видовме што се има внатре за 5 отсто, за ајкулски перки, месо од делфин, кит, тартуфи, егзотични производи, морски кучиња и морски мачки“, набројуваше Бесими.

Според министерот, ако граѓаните за оваа храна може да платат многу повисоки сметки од обичната, тогаш може да платат и поголем данок.

„Ако можепш да платиш за акулски перки од атлантски океан, може да платиш и поголем данок. Така е и за хималајската сол и маслиново масло со додатоци. Ако можат да платат три пати поголема цена од обичното масло, тогаш наместо 5 отсто, да платат 10 проценти“, додаде Бесими.

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите