11 Декември, 2025
0.0385

ФЕИТ како двигател на иднината

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2025 16:19

Добивај вести на Viber

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е место каде што иднината се гради со знаење, упорност и визија. Тука се создаваат инженери кои знаат да размислуваат критички, да решаваат реални проблеми и да соработуваат. Во време на брзи технолошки промени, потребни се токму такви професионалци – подготвени, флексибилни и одговорни.

Студентите од Студентското собрание на ФЕИТ, кои се дел од Универзитетското
студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, велат дека нивниот избор да студираат на ФЕИТ не бил случаен, туку внимателно промислен. Важна им била не само академската програма, туку и атмосферата, поддршката од професорите и можноста да се развиваат пошироко.

„Нашата одлука да се запишеме на ФЕИТ не беше само поради технологијата – иако тоа беше важен дел – туку и поради атмосферата. Професорите покажуваат вистинска грижа и поддршка, нешто што за нас има големо значење“, истакнаа студентите.

Особено ја ценат разновидноста на насоките, кои овозможуваат избор според
интереси, но и темелна подготовка за современите технолошки предизвици.

„ФЕИТ нуди широк избор на насоки кои ја опфаќаат целата област на електротехниката и информациските технологии. Оваа разновидност ни овозможува да ја избереме насоката што најмногу ни одговара и да се подготвиме за динамичниот и постојано променлив технолошки пазар“, наведоа студентите.

Иако некои насоки привлекуваат поголем интерес од други, сметаат дека секоја насока има своја важност и место во иднината што сите заедно ќе ја градат.

„Како и на секој Факултет, и на ФЕИТ постојат насоки кои се попопуларни меѓу студентите и такви кои привлекуваат помал интерес. Сепак, и помалку атрактивните насоки играат клучна улога во оформувањето на комплетни и компетентни инженери“, посочија студентите.

Тие ја препознаваат вредноста на програмите што можеби се „под радарот“, но имаат сериозен потенцијал за професионална реализација.

„Реалистично, не постои нешто како „непопуларна“ насока, особено ако се земе предвид дека ФЕИТ редовно ја обновува својата акредитација и внимателно ги следи потребите на индустријата и стопанството. Насоките се креирани така што ниту една од нив не е излишна – секоја има своја специфична вредност и применливост“, потенцираа студентите.

Практичниот пристап во наставата, лабораториските вежби и обврзaната пракса во компанија, велат, им помагаат да стекнат реална слика за тоа што ги чека надвор од факултетските ѕидови.

„Преку задолжителни лабораториски вежби и двомесечна практична работа во компании од техничките сектори, стекнуваме вредно, иако основно, искуство со реалната работна средина. Дополнително, вклучувањето во студентски проекти – од кои многу резултираат со вистински производи – ни овозможува да ги продлабочиме практичните знаења“, нагласија студентите.

Тие ги охрабруваат идните студенти да размислуваат долгорочно и да го согледаат поширокиот потенцијал на секоја насока.

„Токму интердисциплинарниот пристап и инженерското размислување што ги развиваме на ФЕИТ овозможуваат вистинска соработка меѓу различните области. Би ги охрабриле идните студенти да ја препознаат вредноста на секоја насока и да размислуваат долгорочно – бидејќи токму во „помалку атрактивните“ програми често се крие потенцијалот за уникатни и високо ценети професионални улоги“, велат студентите.

Студиите на ФЕИТ овозможуваат активна улога ви иднината и кога студентите ќе го препознаат тоа, стануваат вистински двигатели на иднината.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“