Фејсбук од следната година ќе ја намали видливоста на рекламите
Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2014
„Њуз фид“ на Фејсбук е централниот дел за активностите на вашите пријатели и страниците кои ги имате „лајкнато“ на социјалната мрежа.
Компанијата редовно добива повратни информации од своите корисници на кој начин би можеле да го подобрат „Њуз фид“ или по наше кажано Почетната страница, а сега направија најава која корисниците веројатно ќе знаат да ја почитуваат.
Имено, од социјалната мрежа порачаа дека ќе се намали видливоста на промотивните написи од страната на „Њуз фид“ од следната година.
Фејсбук дошол до сознанија дека корисниците не се среќни поради количината на промотивните пораки од страната која ја гледаат во нивната Почетна, а овде исто така се сметаат и платените пораки од страниците кои корисниците ја лајкуваат.
И додека Фејсбук има контрола над бројот на огласи кои корисниците ги гледаат и квалитетот на тие огласи, се досега не постои таков механизам за плаќање на пораки од страницата. Почнувајќи од јануари, корисниците ќе гледаат помалку вакви пораки во својот „Њуз фид“