Фејсбук прави социјална мрежа за вработени?
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2014
Најпопуларната социјална мрежа на светот. Фејсбук, наводно работи на нов сајт кој е дизајниран како конкуренција на „Мајкрософт Офис“, „ЛинкедИн“ и други работни алатки. Новиот производ на оваа компанија засега е познат под името „Фејсбук ет ворк“
Тој на своите корисници ќе им овозможи да се поврзат со професионалните контакти, да четуваат со колегите и заедно да соработуваат и работат над документите кои меѓусебно ги делат.
Иако веројатно доста ќе потсетува на класичниот Фејсбук кој го користат повеќе од милијарда луѓе, „Фејсбук ет ворк“ на корисниците ќе им овозможи своите лични и работни профили да ги држат одвено едни од други. Луѓето вработени во оваа компанија одамна дошле на идеја за сајт кој работниот живот би го држел подалеку од приватниот.
Фејсбук веројатно нема да го наплаќа својот нов сервис, а сигурно ќе им биде привлечен на компаниите кои се обидуваат своите вработени да ги спречат да го поминуваат времето на социјалните мрежи.