27 Јануари, 2025
0.0370

ФЕЈСБУК пред суд поради кршење на правата за приватност!

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа Фејсбук е обвинета дека ги скенирала приватните пораки на корисниците во рекламни цели и ќе мора да излезе пред суд.

Процесот е започнат со тужба против оваа веб мрежа, кој во 2013 ја поднел Метју Кемпбел, наведувајќи дека таа мрежа ги скенирала сите приватни пораки на корисниците поради правење на високо насочени реклами , пренесува сајтот numerique.com.

Тој го покренал масовниот процес против Фејсбук, а во тужбата му се придружиле и други членови на мрежата со ист проблем.

Фејсбук се обидел да ја анулира тужбата на Кемпбел, но во тоа го спречил калифорнискиот суидја од Окланд, кој се занимава со случајот, а кој во средата донел одлука дека тужбата против Фејсбук е валидна и дека предметот може да оди на суд.

Со скенирањето на содржината на приватните пораки на корисниците за сопствени огласувања, Фејсбук, како што се наведува, го прекршил актот за приватноста во електронските комуникации, како и законите за приватноста и нелојалната конкуренција на сојузната држава Калифорнија.

Кога и да праќале корисниците на Фејсбук во приватни пораки линкови од други страни, Фејсбук би ги следел тие линови и барал информации за корисникот за да направи профил на онлајн активностите на тој корисник, стои во обвинението.

Исто така, Фејсбук тој линк во приватната порака го третирал како корисникот да кликнал на „лике“ опцијата на таа страна, која и онака веќе е интегрирана во повеќето веб страници на интернет.

Сите кои го употребувале Фејсбук во последните две години би можеле да се придружат на групата околу тужбата, а доколку судот ја донесе одлуката во корист на групата на тужителот, компанијата ќе биде приморана да исплати 10.000 долари за секое кршење на приватноста на корисникот наназад година дена.

Компанијата на Марк Цукенберг, меѓутоа тврди дека не кршела никакви правила и дека се работи за вообичаена и стандардна пракса на компанијата која ја спроведуваат голем број компании.

Процесот би требало да биде продолжен во 2015 година и би можел да го чини Фејсбук повеќе милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“азотен оксид во Клиника Жан Митрев

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“азотен оксид во Клиника Жан Митрев

Целосна стипендија и Американска диплома за работа во Америка со Creative Hub

Целосна стипендија и Американска диплома за работа во Америка со Creative Hub

Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”

Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ЕРВИН РАИФИ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.527.849 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ЕРВИН РАИФИ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.527.849 ДЕНАРИ

Искористување на моќта на вештачката интелигенција: Поглед зад сцената како Samsung ја претвора комплексноста во разбирање

Искористување на моќта на вештачката интелигенција: Поглед зад сцената како Samsung ја претвора комплексноста во разбирање

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, како и на правниот и на здравствениот систем“

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, како и на правниот и на здравствениот систем“

Како да направите лесна пресметка на соодносот долг/приход?

Како да направите лесна пресметка на соодносот долг/приход?

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ