18 Декември, 2025
0.0464

Фејсбук: Зошто никогаш нема да постои „Dislike“ копче

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2014 20:09

Добивај вести на Viber

Сите се имаме најдено во слична состојба. Некој поставил нешто на Фејсбук, не можете да се сетите било што за да можете да напишете, а притискањето на „Like“ копчето би пратиле сосема друга порака од онаа која всушност сакате да ја пренесете. Кога едноставно би постоело „Dislike“ копче...

Во прашање е нешто што секојдневнo се коментира меѓу корисниците, но и на  луѓето од Фејсбук им претставувало предмет за дебата при создавањето на „Like“ копчето.

Тоа го знаеме бидејќи креаторот на „Like“ копчето Брет Тејлор го изјавил тоа за Techradar. Меѓутоа, тој исто така објаснил зошто тоа не постои, и зошто најверојатно никогаш нема да постои - премногу е комплексно.

„Доста зборувавме за ‘Dislike’ копче. Всушност, дури и јазикот на копчиња беше предмет на дискусија. Меѓутоа главната причина за неговото непостоење е тоа што тоа би можело да има бројни несакани последици. Причината за лансирањето на ’Like’ копчето лежи во фактот дека луѓето сакале да оддадат одредено признание на некоја личност, но немале што да напишаат, а голем број коментари се однесувале на „кул“ или „супер“, така да ова копче го работело тоа само со помош на еден клик“.

Меѓутоа ‘Dislike’ копчето не би работело на иста сметка, тврди Тејлор, туку само би донело конфузија и негативност. Кога е малтретирање на интернет во прашање, импликациите би биле навистина лоши. „Доколку сакате на некој да му го покажете својот став од тој ти, најверојатно ќе напишете нешто, сигурно постои збор за тоа што сакате да го изразите“, тврди Тејлор. Тејлор не смета дека ‘Like’ копчето нема свои мани, но тоа би било уште покомплексно со негативен сентимент како што е ‘Dislike’.

 

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?