Добивај вести на Viber
Од денеска издавачката куќа „Феникс“ ги намали цените на своите изданија за 60 до 90 проценти. Попустот ќе трае се до завршувањето на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, кој е закажан за почетокот на месец април.
Саемскиот попуст се однесува на сите изданија на „Феникс“ наменети за возрасните, но и за најмладите. Оттука, цените на изданијата ќе се движат од 10 денари за боенките па до 300 денари за хит-книгите и енциклопедиите. Како што ингормира издавачот, просечната цена на најголемиот број изданија изнесува 100 денари.
„Феникс“, е еден од првите независни македонски издавачи, кој работи 20 години и досега има објавено над 2.500 изданија.