Феноменот Супер Месечина-погледнете на небото!
Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2013 14:00
Денес ќе можеме да бидеме сведоци на феноменот наречен Супер Месечина. Имено, Месечината тогаш ќе биде најблиску до Земјата. Ќе биде 14% поголема и 30% посветла, ќе предизвика максимална плима и осека, а од нашата планета ќе биде оддалечена 356.991 километри.
Тоа е млада или полна Месечина, која се појавува на најблиската точка или е на 90 проценти од максималната близина на Земјата во својата орбита.
Земјата, Месечината и Сонцето се наоѓаат во иста рамнина, а Месечината е на своето најмало растојание од Земјата-стои во дефиницијата за Супер Месечината која доаѓа од астрологија.
Оваа позиција на Месечината астрономите ја нарекуваат „перигеј", но кај пошироката популација е позната по името кое во 1979 година го дал астрономот Richard Nolle.
Месечината кога е во „перигеј“ (термин за точка на патување на некое небесно тело во орбитата околу Земјата во која телото е најблиску до Земјата) полна Месечина изгледа поинаку поради елиптичната обиколка на својата орбита.
Кога месечината се наоѓа во перигеј, по мислење на многу научници, може да предизвика земјотреси и ерупции на вулкани.
Последен пат месечината беше така блиску до Земјата во март 1993 година, а следното гледање на полна месечина во перигеј, ќе биде дури во 2029 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





