15 Декември, 2025
0.0369

„Фершпед“ ги продаде брендовите на „Сковин“ за 5.100 евра

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Недвижниот и подвижниот имот како и залихите на „Сковин“ се продадени за 3,95 милиони евра на скопската фирма „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ чиј сопственик е скопската компанија Балкан Холдингс ПТЕ ЛТД

„Фершпед“ ќе инкасира 3,4 милиони евра за недвижниот и подвижниот имот, залихите и за трговските марки на винаријата „Сковин“, ова е дел од одлуката што ја донесе најголемиот акционер на скопската винарија, а е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Трговските марки на „Сковин“ се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра. Станува збор за повеќе од 20 бренда на вина и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“. Винските колекции кои ги произведува „Сковин“ се групирани во шлашираните групи :„Сан сити“, „Класик“, Фајнест селекшн“, „Барик“, „Премиум“, во пакувања од станиол „Бег ин бокс“, пенливо вино, литарски флаширани вина од литар од програмата „Бејзик лајн“ и литариполските „Магнум лајн“. Во трговските марки се и ракиите: „Марков манастир“ и „Жолта“.

Другиот имот на „Сковин“ (недвижен и движен имот) и залихи е продаден за 3,395 милиони евра на скопската компанија „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ од Скопје. Таа купи згради, објекти, градежно изградено земјиште, опрема, основни средства и инвентар како и возила и механизација. Продавачот и негов најголем акционер дава право на купувачот да заснова заложно право врз продадениот имот за издавање банкарска гаранција во корист на „Сковин“ која ќе биде на износ од 1,95 милиони евра како обезбедување на плаќањата од купувачот, по завршената купопродажба, да стане заложен должник.

Новиот сопственик на имотот на „Сковин“ е скопската фирма „ВинаријаСковин Група“. Таа фирма е сопственост на скопска компанија Балкан Холдингс ПТЕ Л.Т.Д, а нејзин управител е лицето Звонко Пејчиќ. Од достапните податоци се гледа дека ова друштво е регистрирано без уплата односно венсување на влог , согласно со ЗТД. Седиштето на фирмата е во скопската општина Карпош, а нејзината дејност е производство на вино од грозје.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност