Фестивал на младо вино во организација на Тиквеш
Објавено во: Агробизнис, Економија 17 Ноември, 2012 17:47
Љубителите на вината на винарската визба Тиквеш денеска имаа уникатна можност да ги дегустираат младите вина од винарницата од последната берба од 2012 година во Кавадарци, во рамките на третиот по ред Фестивал на младо вино. Во Кавадарци за прв пат се отворија бочвите и се вкусија “ѕвездите на годината“- вината од сортите темјаника, шардоне, вранец и мерло. Од винарската визба Тиквеш очекуваат дека токму овие вина ќе бидат адутите за освојување на нови пазри и за зајакнување на позициите на постоечките.
- Целта на настанот е да се проба младото вино на винаријата и да се оцени неговиот потенцијал. Тоа е дел од нашата определба за подигнување на винската култура во Македонија преку популаризација на нашето вино баш на овој посебен ден. Денот е симболичен затоа што третата недела од ноември обично важи како ден кога се отвараат бочвите и имаме единствена можност да го пробаме виното и нормално стручните лица дополнително да го оценат неговиот потенцијал, вели директорот на „Тиквеш“ Игор Илиевски. Енолошки тим винарската визба веќе има одредени оценки и заклучок на раководните лица во Тиквеш е дека генерално бербата е оценета како одлична, а вината со одличен потенцијал. Денеска се дегустира младо вино кое не е сеуште наменето за продажба.- Оваа година сакаме да ги промовираме таканаречените четири звезди или четирите најдобри вина кои имаат најдобар потенцијал во моментов. Тоа се темјаниката и шардонето од белите вина и вранецот и мерлото од црвените, вели Илиевски.
Годинава винаријата направи сериозни поместувања напред при продажбата во скандинавските земји, а нов потенцијален пазар е американскиот пазар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





