Фестивал на видео игри во Diamond Mall

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2024 13:30
Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.
На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.
За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.
Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mallпрерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Групацијата „Балфин“ и „Флајинг Тајгер Копенхаген“ најавуваат стратешка експанзија во малопродажбата ширум Западен Балкан

Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка
Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина!

Нов репер во компактната класа: Претставен целосно новиот Audi Q3

Твојата храброст е почеток на крајот на корупцијата

„UNIBANK INVITATIONAL 2025“ – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот
ИНТЕРВЈУ ОЛЧАК: Младите мора да ги заштитиме од пристап до тутунски производи, но на возрасните пушачи сакаме да дадеме шанса за промена

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски
