20 Декември, 2025
0.0359

ФЕТАИ: СЈО отвора четири нови истраги-„Табла“,„Триста“, „Тотал“ и „Тифани“

Објавено во: Македонија 23 Март, 2017 11:05

Добивај вести на Viber

Содржината на прислушкуваните разговори претставува сериозен извор на докази за сторени кривични дела на целата територија на РМ.

Денес ова обвинителство отвора четири нови истраги за четири лица а во текот на наредните денови ќе биде поднесен обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Транспортер“, изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи .

Сите нови истраги произлегуваат од содржината на прислушкуваните разговори од кои дел се јавно објавени.

Првата отворена истрага на СЈО е „Табла“. Се однесува на кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања а постои основано сомневање дека е извршено од страна на директор на Централно основно училиште Реџо Руши Зајази од село Зајас.

Осомничениот според она што го кажа Фетаи ја искористил службената положба во корист и овозможил имотна корист за едно правно лице .

„Без да се спроведе постапка за јавна набавка осомничениот со намера правното лице Баупроф ДООЕЛ Кичево да се стекне со имотна корист. склучил договор за нов училишен објект во износ од 200 илјади евра“ посочи Фетаи.

Втората истрага се води под името „300“ опфаќа дејствија на извршување на едно кривично дело и се однесува на набавка на триста возила.

Од доказите на СЈО произлегува дека осомничениот во Скопје како службено лице помошник министер во Министерството за внатрешни работи овластен со решение од министерот за внатрешни да ги спроведува постапките за јавни набавки во Министерството со искористување на својата службена положба и овластување при вршење на јавни набавки го оштетил буџетот на РМ за износ од над 453 илјади евра.

Случај „Тотал“ за даночно затајување против физичко лице сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Осомничениот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

Сопственик и управител на компаниите во случајот „Тотал“ бил новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Случај „Тифани“ за затајување данок против едно физичко лице, управител на „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а осомничиената за 16 илјади евра.

Гледајте во живо:


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки