20 Декември, 2025
0.0383

ФФМ се дружеше со штитениците од домот 11 Октомври

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2013 22:06

Добивај вести на Viber

Децата од домот 11ти октомври од Скопје имаа можност да ја посетат Куќата на фудбалот. Во придружба на директорката на јавната установа, Ристенка Атанасова и спортскиот едукатор Ѓорѓи Миновски беа во обиколка на просториите на Куќата на фудбалот, и потоа на прием кај претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

За оваа прилика Фудбалската Федерација на Македонија издвои донација од 15 спортски комплети и фудбали за оние деца кои тренираат фудбал и кои учествуваат на редовното првенство во фудбал за децата од сите домови во Европа, кое се одржува во јуни во Кечкемет, Унгарија. Исто така децата од европските домови имаат редовно дружење во Нинберг – Германија, придружено со фудбалски натпревари и турнири, кое традиционално се случува во август. Ѓорѓиоски ги поздрави овие активности особено желбата да се постигне успех на фудбалскиот турнир во Кечкемет, и кажа дека фудбалската федерација на Македонија ќе се потруди да обезбеди фудбалски тренери кои ќе ги подготват децата пред настапот на турнирот.

„Никогаш не се знае, можеби меѓу вас се крие иден репрезентативец на Македонија“ – истакна Ѓорѓиоски.Во знак на благодарност, децата на претседателот му подарија слика која сами ја имаат изработено, а директорката Атанасова му врачи благодарница.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии