ФФРМ ја заокружи десетгодишната соработка со СИДА
Објавено во: Агробизнис 25 Септември, 2013 13:17
Федерацијата на фармери на Република Македонија со помош на Шведската агенција за развој прерасна во организација која ќе ги штити интересите на земјоделците и ќе биде релевантен фактор во креирањето на земјоделските политики.
Со проектот „Промоција на интересите на фармерите во РМ“ кој се спроведуваше изминатите десетина години, а официјално се затвори денеска, ФФРМ ги изгради внатрешните капацитети на организацијата, реализираше над 300 обуки и семинари за земјоделците, обедини 3.000 земјоделци, а посвети внимание и на жените - фармери и младите фармери кои претходно беа маргинализирани групи.
- Најважно е тоа што успеавме да изградивме организација во делот на земјоделството која ќе ги заштитува правата и интересите на земјоделците и ќе ги едуцира. Она што е препознатливо е и инвестирањето во две групи кои беа маргинализирани, а тоа е мрежата на млади и мрежата на жени. Над 150 жени се вклучени во оваа мрежа и над 200 млади луѓе беа вклучени во школата за млади лидери што ја организиравме. Сето тоа е потенцијал кој понатаму треба да се врати во земјоделството и тие треба да бидат носечка сила за многу прашања кои ги засегаат земјоделците, изјави денеска претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски.
Според заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски, на Владата и е потребни партнери како ФФРМ кои со своите мислења и сугестии ќе помогнат во креирањето на земјоделските политики.
- Ваквите земјоделски здруженија можат многу да помогнат со своите совети и критики за одредени политики што ги прави Владата. Отворени сме за комуникација и сакаме да го слушнеме гласот на земјоделецот. И понатаму ќе работиме со невладиниот сектор и заедно ќе ги креираме сите мерки и политики и не случајно го донесовме петгодишниот план за развој на земјоделството каде се предвидени околу 725 милиони евра за развој на македонското земјоделство, нагласи Коњановски.
Претставникот на СИДА, Андерс Хедлунд смета дека земјоделството е важен фактор за економскиот развој во една држава и оти е битно земјоделецот да биде вклучен во креирањето на земјоделските политики.
- Особено важна е една ваква организација посебно кога се креираат земјоделските политики во државата. Важно е и Владата во Република Македонија да има партнер со кој ќе разговара за овие политики. Затоа битно е да се слушне гласот на земјоделецот и тој да има влијание во креирањето на политиките, истакна Хедлунд.
Во следниот период ФФРМ ќе се посвети на јакнењето и развојот на земјоделското претприемништво, развојот на селата преку отворање на мали семејни бизниси и отворањето на рурален тренинг центар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





