02 Декември, 2024
0.0330

ФФРМ: Недостига модернизација на земјоделството

Објавено во: Агробизнис 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Оваа година се направени голем број на промени кои се чувствуваат во земјоделството, донесена е Петгодишна програма за субвенционирање која треба да даде нова насока на развојот на земјоделството, се хармонизираат законите, се даде можност на стопанството да се ревитализира, изјави во своето годишно обраќање Андрија Секуловски, претседател на   Федерацијата на фармерите на Македонија(ФФРМ). Тој е задоволен од инвестирањето  и  вложените пари преку субвенции, Програмата за рурален развој и ИПАРД програмата, а позитивно ги оценува и распределбата на земјоделското земјиште, легализацијата фармите и регистрацијата на тракторите. „Сепак сеуште слабости се чувствуваат  во администрацијата и во слабото пратење на новите техничко технолошки достигнувања. Борбата со климатските промени и појавата на нови болести и штетници. Поскапувањето на основните директни трошоци во делот на производство, сеуште се чуствува непочитувањето на договорите помеѓу производител трговец и затоа ќе посветиме уште поголемо внимание во процесот и развојот на коперативното здружување“, рече Секуловски.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.