05 Декември, 2025
0.4894

ФФРМ: Земјоделците мора да се здружуваат во кооперативи

Објавено во: Агробизнис 11 Јануари, 2013 09:29

Добивај вести на Viber

Раководството на Федерацијата на фармери  на Македонија (ФФРМ) и денеска ја продолжува низата средби со своите членови. Денеска Федерацијата е во Струмица, неготинско-кавадаречкиот и велешкиот регион, а наредните денови продолжува во Кочанско и тетовско-гостиварскиот регион.

Инаку вчера веќе се одржа средбата со фармерите од Пелагонискиот регион. Како што веќе објави Фактор, како главен проблем овде се посочува состојбата во сточарството, а се разгледуваше и состојбата  околу откупот на тутунот и продажбата на јаболката во Преспанско.

Според претседателот на Федерацијата, Андрија Секуловски, целта на ваквите средби е да им се помогне на производителите во остварувањето на плановите за 2013 година.

„Секој регион има свои специфики и проблеми со пласманот на произведеното. Посебно во Пелагонискиот регион има проблеми со сточарството и затоа правиме напори да обезбедиме поевтини производи со што ќе се амортизираат т.н. ценовни шокови. Констатиравме дека ситуацијата со откупот на тутунот, што е при крај, е мирна и севкупната слика е позитивна. Продажбата на јаболката во Преспанско ќе се оствари во целост, бидејќи годинава имаме и повеќе ладилници“, изјави Секуловски.

Како заклучок од средбата во Битола беше посочено дека за полесен пласман и производство земјоделците треба што повеќе да се организираат и здружуваат во кооперативи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?