ПЕНТАГОН: Велат дека и со доаѓањето на Трамп помошта за Украина ќе продолжи
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2025
Од Пентагон велат дека доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп на власт нема да влијае на западната воена помош за Украина.
Висок претставник на американското Mинистерството за одбрана нагласи дека меѓународната група на западни земји која ја координира испораката на оружје за Украина ќе продолжи да работи под сегашниот режим, без оглед на политичките промени во Вашингтон.
Претставник на Пентагон нагласи дека поддршката за Украина останува приоритет за САД и нивните сојузници, и покрај внатрешните политички промени. Украина продолжува да добива голема меѓународна помош, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, артилерија, муниција и друга воена опрема.
Во текот на изминатите три години, НАТО и неговите партнери обезбедија десетици милијарди долари за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. САД остануваат најголемиот донатор, обезбедувајќи околу 50 отсто од вкупната воена помош. Војната во Украина почна пред скоро 3 години.
foto EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT