ФИЈАСКО: Половина од хотелите во Црна Гора се затворени
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Половина од хотелите во Црна Гора се затворени поради пандемијата.
Тие не работат и прашање е дали воопшто ќе се отворат оваа година, неофицијално дознава „Побједа“. Гостите од повеќето земји од регионот, но и од Европската унија, не можат да дојдат во, до неодамна, „дестинација без корона“ и многу летови се откажани, пренесува Банкар.ме.
„Во Будва беа отворени 50 хотели, во Тиват сè уште не се отворени сите хотели и не се очекува значителен промет затоа што нивните традиционални гости се од земји кои се на црвената листа. Во Бар се отворени 23 хотели, додека во Херцег Нови беа отворени 13 хотели од вкупно 41 регистрирани објекти. Голем број издавачи на приватно сместување сè уште не почнале со работа“, информира Стопанската комора.
Хотелиерите за време на празниците имаа поголем број гости, но тие се претежно од Црна Гора, особено од Подгорица.
На сила останува задолжителното носење маски за целото население на Црна Гора повозрасно од седум години. Црногорскиот Институт за јавно здравје во неделата потврди 52 нови случаи на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.