„Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ втора година по ред е бизнис лидер во тутунската индустрија
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2025 16:14
Компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) втора година по ред го доби престижното признание за лидер во дејноста „Трговија на големо со производи од тутун“ поради остварените финансиски резултати во 2024 година. Наградата ја доделува проектот „Бизнис лидер“ врз основа на детална анализа на остварените резултати на компаниите во различни дејности во изминатата година. Со оваа награда, ФМТКП повторно се најде меѓу најуспешните компании во земјава кои постигнуваат врвни резултати во работењето и се двигатели на домашната економија и поттикнувачи на нејзиниот развој.

Исклучителните постигнувања на компанијата се резултат на нејзината стратешка визија да создаде долгорочна вредност за заедницата и локалната заедница преку трансформација на тутунската индустрија во модерен систем кој се темели на технологија, иновации, квалитет и одржливост. Во име на целиот тим, престижната награда синоќа ја подигна менаџерот за екстерни прашања во ФМТКП, Василка Салевска – Трајкова, на свечениот настан кој на едно место ги собра бизнис лидерите во различните индустриски гранки во земјава, претставници на бизнис-заедницата, аналитичари, инвеститори и иноватори кои придонесуваат за економскиот развој на земјава.
- Вистинското лидерство значи да застанеш зад тоа во што веруваш. А ние во „Филип Морис“ веруваме во иновациите, науката и во одржливоста, затоа што тие го трасираат патот кон подобра иднина за бизнисот, луѓето и за заедницата. Ова признание е за целиот тим, за луѓето што стојат зад идеите, трудот и успесите – рече Салевска – Трајкова по примањето на наградата.
Како еден од најуспешните примери за јавно-приватно партнерство во земјава, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп посветено ги реализира зацртаните цели, докажувајќи дека успешно може да ја трансформира традиционалната тутунска индустрија во современа гранка која ја сместува нашата земја на мапата на модерните економии.
Наградите „Бизнис лидер“ ги доделува „Евентика“во соработка со „Таргет Груп“ како аналитички партнер на целиот проект.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





