Филипче: Се очекува да се потврди донацијата од 200 репиратори од Кина
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Март, 2020
Се очекува наскоро да се потврди донацијата од 200 репиратори од Кина, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Имаме доволен број на респираторни машини. Статистиката вели дека околу 5 отсто од заболените имат потреба од респираторни машини. Тоа значи на 1000 заболени, околу 50 би биле на респиратор. Ние во моментов имаме 120 на располагање“, кажа министерот.
Во Македонија засега има 70 заразени со коронавирусот. Меѓу нив и е девојче од Штип на возраст од 4 години.