Филипче: Во МАНУ и на Судска медицина тестирања за Ковид-19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Април, 2020
Министерот за
здравство Венко Филипче денеска информираше дека на Инфективната клиника во
Скопје се примени тројца нови пациенти, со што вкупниот број
хоспитализирани пациенти изнесува 68, од кои шест се ставени на апарати за
дишење.
-И во болницата 8 Септември, 6 пациенти се на респиратор, а денеска во оваа установа се примени 31 пациент. Во Битола се примени 5 пациенти, а во Штип 9 и тие се во стабилна здравствена состојба. Во моментов се доопремува мобилната болница, со што ќе се зголеми капацитетот на Инфективната клиника во Скопје, истакна министерот.
Филипче рече дека во текот на неделава во функција ќе бидат уште две лаборатории, во МАНУ и на Судска медицина, со што бројот на тестирања ќе се зголеми и нема да има долго чекање на резултатите од тестирањата за Ковид-19. Пациентите ќе имаат резултати во рок од 24 часа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.