ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека во Куманово интензивно се работело, земени се материјали, и рано е да се каже дали има драматично зголемување на бројот на заразени.
„Ќе ја следиме будно состојбата, свесни сме за барањата, но барања имаат и други општини“, рече Филипче за Куманово.
Тој вели дека засега не може да се процени во која насока ќе оди состојбата.
Министерот додаде дека има и пациенти кои не се ни свесни дека го прележале коронавирусот.
Во Македонија има уште двајца починати од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.