Филипче-Едштадлер: Взаемно признавање на сертификатот за вакцинација без ограничување на типот на вакцина
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Мај, 2021 18:15
Министерот за здравство д- р Венко Филипче денеска се сретна со Каролине Едштадлер, Сојузна Министерка за ЕУ и Устав на Австрија. На средбата двајцата соговорници ја потенцираа важноста на процесот на имунизација и заклучија дека недостатокот на вакцини е проблем со кој се соочуваат сите земји во светот. Сојузна Министерка за ЕУ и Устав на Австрија истакна дека и Австрија го има истиот тој проблем, потенцирајќи дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“. На средбата Филипче и Едштадлер говореа и за сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите и беше кажано дека сертификатот ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.
Денеска од Австрија ја добивме првата количина на вакцини од Фајзер, вкупно 4.860, а до крајот на месецот ќе пристигне и вкупната количина од 19.890 дози. Оваа поддршка во тек на актуелната пандемија значи многу за взаемната продуктивност при процесот на вакцинација. Тим Европа на ЕУ се роди во ковид 19 кризата како начин на колективна поддршка и солидарност на ЕУ кон државите партнери во битката со пандемијата. Покрај набавката на вакцините на состанокот се разговараше и како да се влијае врз подигање на свеста на граѓаните за важноста од вакцинација.
-Интензивната соработка на нашата и австриската влада започна многу порано пред почетокот на ковид пандемијата. Владата на канцеларот Курц во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава помогна во изработка на физибилити студија за изградба на новиот Клинички центар - истакна на средбата министерот Филипче.foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





